АХВ донесе решение и за воведување заштитни мерки во однос на болеста син јазик
кај говеда овци и кози, на целата територија на земјава, по лабораториска потврда на
присуство на болеста во две одгледувалишта во Демир Капија.
„На целата територија на земјава се забранува движење на сите преживни животни – говеда, овци и кози во и од одгледувалиште, освен ако животните се упатуваат во кланица, а се забранува и работа на добиточните пазари, изложби или друг вид настани за сите видови преживни животни“
Забраната се однесува за најмалку 30 дена од последниот случај на болеста.