Меѓународниот тендер за изградба на регионалната депонија во близина на светиниколското село Мечкуевци е распишан потврди Ана Мазнева-Каранфиловска од Mинистерството за животна средина и просторно планирање.
Изградбата на новиот современ систем за депонирање на отпад опфаќа вкупно 18 општини од Источниот и Североисточниот регион и Општина Свети Николе, која е дел од Вардарскиот регион. Изградбата на депонијата треба да чини 40 милиони евра, средствата се обезбедени од фондовите на Европската Унија, појасни Мазнева-Каранфиловска.
Регионалната депонија ќе треба да опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имала вкупен капацитет да прими 900.000 метри кубни отпад. Предвидени се да бидат изграден претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди.