Животот во штипското село Лесковица,на поадините на планината Серта не е секојдневен. Жителите од малкуте куќи што останаа се мачат,се им е далеку со километри,а лебот го чуваат со денови. Еден од нив е и Коце Коцев 70 годишник, еден од последните лесковчани.Времето тука застанало,иако природата и понатаму е чудесно убава.Но помегу ова зеленило повеќе се напуштени и полуурнати куќи.Коцев и неговите сожители не се сеќаваат кога последен пат биле во Штип или на некое друго место.Сега,додека студот не дошол,тие некако се снаоѓаат,но во зима,тука не може да се пријде. Жителите од ова село се многу среќни кога некој ќе ги посети.Искрено се израдуваа на нас,но се надеваат дека и други ќе ги посетат. Повеќе од јасно е дека Лесковица е на работ од живот и дека по овие луѓе нема ништо да се случува,што приказната ја прави уште потажна,бидејки ќе замине уште едно село и уште една македонска пшриказна ќе згасне, како овие урнатини.
ЖИВОТ ВО ЛЕСКОВИЦА. НЕКОЛКУМИНА СЕ И СЕ МАЧАТ.СЕ ИМ Е ДАЛЕКУ СО КИЛОМЕТРИ,А ЛЕБОТ ГО ЧУВААТ СО ДЕНОВИ
Published on