Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 76,50 ден/литар.