HomeЕксклузивно2 500 призводи од денес треба да се продаваат  поевтино.  Имаат ли...

2 500 призводи од денес треба да се продаваат  поевтино.  Имаат ли трговците  за себе План Б

Published on

Стапи во сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи  со што околу 2 500 производи треба да се продваата поефтино и  кој треба трајно да стави ред во трговијата. Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Со примена на овој закон очекуваме резултати на долг рок и намалување на цените на овие производи на листата од најмногу 10%, односно првите резултати со намалени цени ги очекуваме до крајот на октомври кога очекуваме дека ќе се потрошат залихите од претходните договори и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори. вели Дурмиши.

Надлежен орган за контрола на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата а највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра .Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец . Реално, овие казни за големите  трговци, пред се за трговските синџири не се проблем да се  платат и практично за нив  плакањето на казните е поисплатливо отколку да ги намалат цените. Дали овде не се крие  планот Б на трговците како и понтаму да продаваат по цени кои им одговраат само на нив?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИТАЛИЈАНЕЦ ВО ВИНИЦА ДОЈДЕ ПО 2000 ТОНИ ЛЕШНИЦИ

Италијанскиот бизнисмен Рикардо Молеа е со намера во периодот што претстои од Виница и...

ЖИВОТ ВО ЛЕСКОВИЦА. НЕКОЛКУМИНА СЕ И СЕ МАЧАТ.СЕ ИМ Е ДАЛЕКУ СО КИЛОМЕТРИ,А ЛЕБОТ ГО ЧУВААТ СО ДЕНОВИ

Животот во штипското село Лесковица,на поадините на планината Серта не е секојдневен. Жителите од...

Заемот од Унгарија ќе биде потпишан на осми октомври.Општините,парите ќе ги добијат неколку дена потоа

Заемот во висина од 500 милиони евра кој Унгарија треба да и го овозможи...