Промовираната нова современа апаратура во КБ Штип,Лапараскопот и новиот апарат на Одделот за Кардиохирургија,одамна се во функција,но новото раководство на штипската болница и министерот бесрамно лажат,се обратија до јавноста од СДСМ преку соопштение.
Посетата од страна на министерот за здравство за промоција на лапароскопска апаратура која е набавена и е веќе 7 месеци во функција во клиничка болница Штип е иронична и смешна.
Новиот апарат за кардиолошкото одделение е набавен и ставен во употреба пред неколку месеци.
Граѓаните мора да знаат дека апаратите на одделот за хирургија и на кардиологија од кои бенефит имаат 200.000 граѓани на Источна Македонија се набавени комплетно од претходната Влада и претходното раководство на Клиничка болница предводена од СДСМ…стои во соопштението од СДСМ
На овие наводи од КБ Штип,велат
Во врска со новиот апарат што е набавен на кардиологија, да во право сте, постапката е спроведена од претходното раководство, но исто така треба да нагласите дека од претходното раководство немаше платено ниту денар за истиот. Граѓаните треба да знаат, дека и на ова поле може да се пофалиме дека за овој краток период е исплатен околу 25 проценти, збориме за сума од десетина милиони денари.
Граѓаните треба да знаат, а и знаат, дека новото раководство ќе работи здравствените услуги да бидат, што е можно подостапни. Направено е дефектажа на апаратот за стрес тест, апарат што за нас непознати причини, не функционира повеќе од пет години…стои во писмената реакција од раководството на КБ Штип