HomeЕксклузивноПроект “Вработена Ромка = Независна Ромка“ „Образованието е клучот за иднината на...

Проект “Вработена Ромка = Независна Ромка“ „Образованието е клучот за иднината на секоја млада Ромка”

Published on

Интервју со Сабина Асанова

„Образованието е клучот за иднината на секоја млада Ромка”

Сведоци сме дека младите Ромки се соочуваат со сет на предизвици кога станува збор за формално вработување. Не само што секојдневно се справуваат со општествената дискриминација, туку се соочуваат и со бариери. Традиционалните родови улоги често ги ограничуваат нивните можности, а негативните стереотипи дополнително ги попречуваат нивните шанси за обезбедување формални работни места.

Овие предизвици се надополнети со недостатокот на пристап до можности за образование и обука, што им отежнува на жените Ромки да го прекинат циклусот на сиромаштија и дискриминација. Сепак, се постигнува напредок преку иницијативи кои се фокусираат и на образованието и на зајакнувањето, давајќи им на овие жени алатки што им се потребни за поцелосно учество во општеството.

Таква една иницијатива е најновиот проектот  “Вработена Ромка = Независна Ромка“ имплемeнтиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, финансиски поддржан од шведската фондација Kvinna Till Kvinna. Сепак, позитивната промена се случува преку разговори, менторство и пристап до ресурси, полека но сигурно.

Токму затоа на оваа тема денес зборуваме со Сабина Асанова, дипломирана професорка по одделенска настава на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Воедно е активистка во невладиниот сектор веќе 15 години, вклучена во реализација на разни проекти поврзани со Ромската заедница.

Колку младите Ромки прифакаат дијалог на  оваа тема?

Младите Ромки одлично го прифаќаат дијалогот на оваа тема, но тие двојно се дискриминирани при вработување.

Првичната дискриминација почнува во семејствата каде сè уште има остра поделба на улогите помеѓу момчињата и девојчињата. Дискриминацијата продолжува и во општеството, бидејќи младите и жените Ромки секојдневно се соочуваат со стереотипи и предрасуди.

Значен број на жени и млади Ромки се соочуваат со низа предизвици на својот пат кон постигнување на родова еднаквост и остварување на своите фундаментални права, на многу полиња од општественото живеење.

 Како им објаснувате дека треба да бидат поинакви од  досега и дека   реалноста што ги опкружува за нив е многу подобра?

Жените треба да учествуваат рамноправно со мажите во сите процеси  од секојдневното живеење, затоа што тие најдобро ја познаваат состојбата во која се наоѓаат. Тие треба да бидат вклучени во сите нивоа на одлучување бидејќи и тие имаат свои гледишта во јавниот и приватниот живот.

Колку Сабина е успешна во разговорите и  кои се аргументите од другата страна?

При разговори со младите и жените Ромки успевам да ги мотивирам преку позитивни примери дека и тие можат да си ги остварат своите права како што е вработувањето. Исто така им укажувам дека Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) секоја година објавува повик на кој што можат да се пријават на некоја од понудените обуки, но под услов да имаат завршено минимум основно образование.


Со нивната посета на овие обуки тие можат да добијат сертификат со кој што би се вработиле, а исто така додека ја посетуваат обуката од страна на АВСРМ добиваат и паричен надомест.

Секогаш им потенцирам дека и жените Ромки имат фундаментални права кои можат да ги искористат бидејќи и тие се дел од оваа општество, додека пак на младите девојки им укажувам дека е потребно да се едуцираат да имаат волја и цел која што сакаат да ја постигнат.

Создавањето на работна навика и интеграцијата во општетсвото и системот е процес кој започнува многу рано, но и процес кој може да  се оживее и подоцна. Колку тоа успева кај младите Ромки?

Ме радува тоа што бројката на образовани Роми и Ромки од година во година се зголемува, а со тоа се зголемува и можноста за вработување на подобри работни места во државните инстуции и приватниот сектор. Во текот на животот младите Ромки се соочуваат со различни предизвици. Некои од нив се едноставни за надминување, а некои потешки, но и тие се дел од оваа општество.

Доколку сакаат да напредуваат во животот мора да научат дека важните животни лекции ќе им го зајакнат духот и ќе можат да ги надминат сите преизивици.

Која е пораката на Сабина Асанова  до сите млади Ромки на патот кон материјалната независност?

Секоја млада Ромка треба да ја осoзнае важноста на образовaнието бидејки образованието е клучот на иднината на секој поединец во општеството да чекори по своите соништа да биде економски независен и да се бори за еднаков пристап при вработување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИТАЛИЈАНЕЦ ВО ВИНИЦА ДОЈДЕ ПО 2000 ТОНИ ЛЕШНИЦИ

Италијанскиот бизнисмен Рикардо Молеа е со намера во периодот што претстои од Виница и...

ЖИВОТ ВО ЛЕСКОВИЦА. НЕКОЛКУМИНА СЕ И СЕ МАЧАТ.СЕ ИМ Е ДАЛЕКУ СО КИЛОМЕТРИ,А ЛЕБОТ ГО ЧУВААТ СО ДЕНОВИ

Животот во штипското село Лесковица,на поадините на планината Серта не е секојдневен. Жителите од...

Заемот од Унгарија ќе биде потпишан на осми октомври.Општините,парите ќе ги добијат неколку дена потоа

Заемот во висина од 500 милиони евра кој Унгарија треба да и го овозможи...