Во Злетово ке се гради рекреативно детско катче, најави гардоначалникот на Пробиштип Драган Атанасов Ладич.
Се уредува простор кој ќе има детско катче со реквизити поставени на гумирана подлога, урбана опрема, клупи за одмор, корпи за отпадоци, трибини и жардињери, заштитна ограда како и две пристапни патеки.
Овој проект го реализира економскиот оператор Евроградба од Струмица, а општината одвои 3.8 милиони денари од сопствениот буџет за негова реализација.
Со изградбата на овој простор, ќе се добијат содржини за одмор и рекреација на населението кое живее во Злетово и самиот простор ќе добие нов урбан лик, објави Атанасов