ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се во нов клинч. Низ прес конференција и соопштение, двете партии денес спорат на темата Кој им ја зеде ЕУ иднината на Македонија.
Власта ја оствари својата цел, а тоа е Северна Македонија да ја оддалечи од ЕУ. Тоа што Албанија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија, а ние остануваме во место, ДПМНЕ и го посакуваше,ДПМНЕ и власта ќе направат се за да се оддалечиме што е можно побрзо од ЕУ, оти тоа им одговара. А, оние нивни констатации дека ни се случуваат неправди, притоа без да понудат план, се само изговори и не доликуваат на изјави на државници и одговорни политичари“,соопштение од СДСМ