HomeЕксклузивноВикендов треба да се намалат цените на  2 500 производи

Викендов треба да се намалат цените на  2 500 производи

Published on

Викендов на сила треба да стапи Законот за нефер трговски практики, а со него се  опфатени околу 2.500 производи на кои профитната маржа не смее да им биде поголема од 10 отсто. Со негова примена, според очекувањата, трајно треба да се стави ред во хаосот со цените. Шо за ова мислат граганите?

Со законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакување одреден производ на полица.Во пракса, тоа ќе значи дека маркетите ќе треба да стават нови цени на сите продукти од листата. Во спротивно, казните се следните.

Во зависност од тежината и значењето на прекршувањето, Законот предвидува казни за најтежок прекршок и полесни прекршоци.Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец.Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец.

Паралелно,од вторникот пак на сила е одлуката на Владата за ограничувања на маржата за околу 70тина производи кои се најдоа на листата на есенската кошница. Нејзиното спроведување го контролира Државниот пазарен инспекторат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималецот од место нема да мрдне до март

Најмалку до март минималната плата ќе остане на сегашното ниво,односно,23.500ден.потврди министерот за економија Бесар...

Министерот Дурмиши признава:Видливо намалување на цените нема

Министерот за економија Бесар Дурмиши признава дека видливо намалуање на цените сеуште нема. Дурмиши најавува...

СДСМ: Живото станува се поскап, владините мерки се задоцнети

Животот станува се поскап, а  мерките на владата се  задоцнети и немаат ефект, коментираат...