Повеќе од 70 прозиводи денес во маркетите осамнаа со пониски цени,како резулат на владината одлука за ограничување на профитната маржа,но тоа не фи задоволи ниовните очекувања.
Во очекувањето на граѓаните за намалени цени и овој пат доминираше оптимизмот,иако,точно не се знаеше кои артикли за колку ќе бидат намалени. Сепак, раздвиженоста во маркетите бешемногу поголема,а расположението од виденото е следното.
Кои артикли се со намалени цени и за колку.
Според владината одлука артиклите со намалена цена треба да бидат јасно означени и на нив да стои налепница, „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Артиклите со новите намалени цени ќе се продаваат до 31 окотомври,до кога важи владината одлука.Во меѓувреме, од 29 овој месец,во сила влегува Законот за нефер трговски практики кој дополнително треба да ги намали цените на стотици други производи.Потоа,паралалено ќе се спроведуваат таканаречени празнични кошнички кои на граѓаните однапред ќе им гаранатираат понски цени.