HomeМакедонијаПовеќе од 1000 евра биле потребни во Септември за да преживее четри...

Повеќе од 1000 евра биле потребни во Септември за да преживее четри члено семејство

Published on

Повеќе од 1000 евра чини потрошувачката кошница за Септември, пресметаа од Сојузот на синдикатите на Македонија. Според Синдикатот точната пресметка е 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на Август

 

Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени за 717,00 денари, што покажува дека трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на Одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигураат зголемени цени и во наредниот период велат од Синдикатот.

 

Одтаму ододават дека Додаваат дека делот од синдикалната минимална кошница за трошоци за исхрана и пијалоци во целост, односно 86 проценти се превземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата со што се очекува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците, ќе придонесе за значајно намалување на трошоците за храна и пијалоци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималецот од место нема да мрдне до март

Најмалку до март минималната плата ќе остане на сегашното ниво,односно,23.500ден.потврди министерот за економија Бесар...

Министерот Дурмиши признава:Видливо намалување на цените нема

Министерот за економија Бесар Дурмиши признава дека видливо намалуање на цените сеуште нема. Дурмиши најавува...

СДСМ: Живото станува се поскап, владините мерки се задоцнети

Животот станува се поскап, а  мерките на владата се  задоцнети и немаат ефект, коментираат...