Од вечерва по полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати. Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика, бензинот ќе поскапи за 1,5 денари за литар, додека цените на дизелот и на нафтата за домаќинствата ќе се зголеми за 50 дени по литар. Поскапува и мазутот.
Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 75 денари за литар, на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 77 денари, а на Еуродизел БС (Д-Е V) 67,50 денари.
Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 66,50 денари.
За 0,499 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,827 денари.