Енормни количини од дим секојдневно го трујат Берово од компанија за производство на гази. Неверојатно е како сето ова поминува и како туристичкото Берово, белите дробови на Истокот, го поднесуваат отровот кој им се сервира на сите од утро до мрак.
Граганите и природата во Берово имаат голем непријател на кој општината и државата мораат да му кажат стоп. Непријателот им е познат на сите но молчат граганите, молчи градонаалникот а дрѓават ја нема никаде. Имаме 100-тен непријател, вели гледач на ТВ Стар од Берово. Сите иницијатви на група грагани за решавање на овој проблем досега пропадале но од чист воздух и здравје нема да се откажат.Поддршка немаме од никој но нашиот број е се поголем. Ке излеземе на протести а прв кој ке биде повикан на одговорност е градоначалникот Пекески. Не сме против фаботењето на компанијата н бараме таа да постави филтри потенцира нашиот соговорник.
Тв Стар денес направи обиди за контакт со мнозинските сопственици на компанијата, но тие беа безуспешни.