На ученик од трето одделение во ОУ Димитар Влахов во Штип, наставничката не му дозволила на време да замине во тоалет иако детето најавило потреба.Поради ова третоодделенецот физиолошки се олеснил на лице место.
Наставничката не го пуштила детето на време во тоалет по што тоа физиолошките потреби ги извршило во училиницата. Од срам уште два часа не ја напуштил училницата и училиштето . Бараме одговорност и јавност на случајот,бараат гледачи на ТВ Стар.
За случајот кој звучи насилно и вознемирувачки разговаравме со директорката на училиштето,Невенка Величкова ,која изјави дека таква информација до неа не стигнала
Прв пат слушам за ваков настан и пред да дадам било каква информација морам да се консултирам со Службите. Изненадена сум што сето ова најпрво стигнува во јавноста а, потоа до одговорните,изјави Величкова без да го потврди или демантира случајот.
Каков епилог ќе има случајот и до кое ниво на одговорност ќе се стигне останува нејасно,но,психолошките последици во вакви случаи се големи, долготрајни и во некои случаи доживотно трауматични.