Државата тврди дека обрачот околу дрвокрадите го стега, но дрва нелегално се сечат и носат насите страни во државата, потврдува на својот фејсбук прпфил и министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.
Не запира борбата против нелегална сеча.
Секојдневно се вршат акции со цел да се спречат дрвокрадците.
Пред неколку дена во атар на с.Русиново м.в. Робан во самостојна акција на ШПС Берово во обид да се затекнат лица кои со 2 трактори превезуваа црнборово обло техничко дрво успеаја да ја растоварат дрвната маса и да побегнат.
Иако повеќе време е опсервирано да се вратат по дрвната маса истите не се вратија.
И денес со возило изнајмено преку Малешево Берово е одземена 7,83 м3 црнборово обло техничко дрво, нашиша Трипуновски.
Во мегувреме, масовниот напад на шумите пред грејната сезона го побтдува и Киуре Михајлов, заменик генерален директор на Национални шуми.
Има ли шанси нелегалниот бизнис вреден 25 милиони евра годишно да се неутрализира?
Во борбата против дрвокрадците од неодамна се активирани и дронови но каков ке биде ефектот ке се види.