HomeМакедонијаМВР со апел :Граганите  да ги променат  возачките до Нова година  

МВР со апел :Граганите  да ги променат  возачките до Нова година  

Published on

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска преку писмено соопштение апелира граѓаните кои сè уште имаат возачки дозволи со старото уставно име на државата, да ги заменат со нови навреме. Старите возачки се со важност до 31 декември годинава, кога истекува и рокот за нивна замена.

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.

Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат , стои во Соопштението. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималецот од место нема да мрдне до март

Најмалку до март минималната плата ќе остане на сегашното ниво,односно,23.500ден.потврди министерот за економија Бесар...

Министерот Дурмиши признава:Видливо намалување на цените нема

Министерот за економија Бесар Дурмиши признава дека видливо намалуање на цените сеуште нема. Дурмиши најавува...

СДСМ: Живото станува се поскап, владините мерки се задоцнети

Животот станува се поскап, а  мерките на владата се  задоцнети и немаат ефект, коментираат...