Од утре инспекторите на терен, ќе проверуваат дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, ги повика трговците веднаш да ги прилагодат цените на училишниот прибор согласно одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи.
Трговците кои се опфатени со Одлуката на Владата за училишен прибор, имаат обврска да ги усогласат цените на производите. Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа Одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија, потенцира Трајковски.
Со Одлуката се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со училишен прибор .
Највисоката трговска (профитна) маржа за наведените стоки за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 5 %, а во трговијата на мало се утврдува во вкупен износ до 10% и ќе се применува до 20 октомври 2024 година.