Годината беше лоша, трошоците големи а домашното производство мора да се заштити, изјави денес премиерот Хростијан Мицковски образложувајки ја владината одлука за зголемени субвенции на пченицата и исплата на дополнителни 3 денари по килограм на земјоделците.
Освен за пченицата, владата донесе одлука за зголемени субвенци и за производство на јачмен.
Од Владината одлука земјоделците се задоволни.
Земјоделците од државата со години се соочуваат со мали приноси и огромна конкуренција со увоз на овие житарици по значително пониски цени. Спасот, цело време тие го бараат во државата барајки поголеми субвенции за да се заштити домашното производство