HomeЕксклузивноБелата чума се шири како никогаш. Град од ученици колку Свети Николе...

Белата чума се шири како никогаш. Град од ученици колку Свети Николе исчезна за 7 години а за 1 година се затворени 14 училишта

Published on

За речиси 17 илјади е намален вкупниот број на ученици во

Македонија во изминатите 7 години, а само бројот на првачиња за околу

3500. Трендот на масовно иселување се интензивира и создава тажна слика

во македонските училишта.

Ова го покажуваат официјалните податоци од Државниот завод за

статистика, каде може да се види дека само за една година биле затворени

14 училишта во земјава.Тоа пак, предизвикува друг проблем кој може да ја зголеми невработеноста.Денес во државата има околу 3000 наставници кои се „вишок“ во воспитно– образовниот систем и нивното работно место е под ризик да биде затворено. Процентуално, тоа е околу 10% од вкупниот број на ангажирани наставници во училиштата низ државата. Дали новата Влада ќе покаже грижа и ќе најде начин да ги задржи во образованието оние кои одбрале да се занимаваат со најблагородната

професија, останува да видиме.Според статистиката, во јуни 2017 година во Македонија имало 262.707 ученици, а само првачиња биле 22.906.

Во јуни 2024 година во Македонија има 245.874 ученици, а првачиња се

19.482. За период од 7 години има намалување на вкупниот број на ученици за 16.833, а на бројот на првачиња за 3.425


Многу објекти најчесто во руралните подрачја, се празни

или пак училишните згради функционираат само со неколку ученици. Сега,

трендоот се пресели и во градовите па училници без ученици има се

повеке. Не џабе, се воведува едносменско учење. Празнните не треба да се гледаат но проблемот останбува. Нема ниту деца, ниту родители.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарскиот заем е замка и економско предавство, сметаат од СДСМ

Унгарскиот заем од 500 милиони е замка кој денес  во скратена постапка  го усвоија...

МЕПСО   делел пари на кого ке стигне. 14 милиони евра   се отпишани на синот на Муса Џаафери и слилни на него

Долг од 14 милиони евра отпишала МЕПСО на синот на Муса Џафери и слични...

Дрвокрадството не застанува. Во Русиново  два трактори на полицијата им побегнале пред нос

Државата тврди дека  обрачот околу дрвокрадите го стега, но  дрва  нелегално се сечат и...