По повод Денот на македонските рудари и Денот на Радовиш, денес во овој град е организирана богата програма. Вечерва концерт ќе одржат Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд, а прославата ќе продолжи во 23 часот со настапот на Црвена јабука.
Рудникот САСА и оваа година со низа активности и донации го одбележува 28. Август–Денот на македонските рудари, како и двојниот празник на Македонска Каменица. Традиционално, секоја година, САСА ги наградува сите свои над 770 вработени со парични награди и пригодни подароци.
Рудникот САСА оваа година посебно признание му додели на Александар Стоимиров кој е прогласен за најдобар рудар за 2024 година. Тој и уште 121 негови колеги, кои дале особен придонес за остварување на безбедно и стабилно производство во САСА, добија и дополнителни парични награди и признанија, стои во Соопштението од компанијата
САСА за време на прославата најави и реализираше неколку донаторски проекти. Конкретно, рудникот го започна третиот дел од проектот наменет за подигнување на јавната свест и зајакнување на безбедноста во сообраќајот, кој САСА го спроведува во партнерство со Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи.
Во своите тековни напори за промовирање на еколошката одржливост, рудникот САСА за прaзникот реализираше донација и на вендинг-машина за рециклирање на пластични шишиња и лименки. Вендинг-машината ќе му биде донирана на општинското комунално претпријатие „Камена река“