HomeЕксклузивноОпштините на маса  имаат 250 милиони евра

Општините на маса  имаат 250 милиони евра

Published on

Од утре општините на маса на располагање ќе имаат 100, од вкупно 250 милиони евра, предвидени за важни локални проекти.Средставата кои неколку месеци се најавувани за изградба на локално ниво со пари од централниот буџет ќе бидат официјално обезбедени на утрешната владина седница.

Сите локални самоуправи кои ќе аплицираат со проект кој е во насока подобрување на квалитетот на живот на граѓаните ќе добијат пари од државната каса, без разлика дали општината ја води кадар од нивната партија или не.

Министерството за локална самоуправа час поскоро да ќе објави јавен повик и на тој начин општините ќе може да аплицираат со проекти и тие проекти потоа да бидат финансирани преку најпрвин овие 6 милијарди денари што се дел од ребалансот, а потоа и со нови 15 милијарди денари што ќе бидат предвидени во новиот буџет. велат од владата

Според информациите владата веќе ја има  дефининирано методологијата како ќе се распределуваат средствата.

Оваа финансиска инјекција општините ќе ја добијат и следната година со новиот буџет на државата. Интересно е тоа што владеачката партија уверува дека немало таен внатрепартиски договор со нивните градоначалници за подготовна на проекти уште во време кога ВМРО -ДПМНЕ беше во опозиција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарскиот заем е замка и економско предавство, сметаат од СДСМ

Унгарскиот заем од 500 милиони е замка кој денес  во скратена постапка  го усвоија...

МЕПСО   делел пари на кого ке стигне. 14 милиони евра   се отпишани на синот на Муса Џаафери и слилни на него

Долг од 14 милиони евра отпишала МЕПСО на синот на Муса Џафери и слични...

Дрвокрадството не застанува. Во Русиново  два трактори на полицијата им побегнале пред нос

Државата тврди дека  обрачот околу дрвокрадите го стега, но  дрва  нелегално се сечат и...