На Македонија и доктор Горан Миланов не им било пишано да бидат на едно место. Се обидувал два пати но не успеал и сега Македонија ја сака со целото срце, но од Малта.
Повторното враќање во Бугарија за Миланов е голема среќа бидејки на Универзитеската болница во Софија за ментор го добива светски познатиот кардиохирург Александар Чирков.
Со Чирков штипскиот доктор развива професионални но и блиски човечки релации.
Со големото искуство и неговата вештина и анбиција Миланов 8 години работи во Софија и уште 8 во приватна болница во Бугарија.
Но на Миланов секогаш му недостасува Македонија и одлучува да се врати на клиниката Жан Митрев каде се соочува со голем апсурд.
По Жан Митрев тој повторно ги пакува куферите и со семејството заминува на Малта. Таму е многу почитуван, признат и авторитетен во лекарската фела.
Која е разликата помеѓу здравството во Малта и кај нас во овој момент ?
Како Малта го прифати неговото семејство, а како тие ја прифаќаат Малта ?
Доктор Миланов доживува полна професионална сатисфакција ов оваа островска земја и во животот работите му се подредени, но дали размислуава за Македонија и за враќање?
Доктор Игор Миланов е голем професионалец алтурист, и човек кој во животот е правичен. Пациентите му се пред се но неправди несака. Веројатно тоа и го одалечи од неговата Македонија каде здравсвото функционира на поинаков начин од неговите сфаќања.