Министерот за здравство Арбен Таравари денеска соопшти дека прв критериум за ангажирање приватни специјалисти е каде има најголем дефицит.
Според Таравари, втор критериум ќе биде просечната оценка.
Министерот Таравари смета дека недостигот од радиолози и патолози е проблем поради кој пациентите на онкологија чекаат резултати од патологијата.