HomeЕксклузивноПет општини од Источниот регион се даночно и буџетски најтраспарентни во државата

Пет општини од Источниот регион се даночно и буџетски најтраспарентни во државата

Published on

Пет општини од Источниот регион,Свети Николе,Берово,Делчево,Зрновци и Кочани влегуваат на лисатата меѓу10 те  даночно буџетски најтраспарентни во државата.Ова рангирање е според Центарот за економски анализи,поддржан од УСАИД.

Ова рангирање е многу важно,бидејки ја отсликува подготвеноста на општините,јавно да ги презентрираат сите податоци поврзани со даночните трансакции,но и начинот на кој, каде, и како се трошат буџетските пари,односно, парите на граѓаните.

На листата која содржи 81 општина,на доброто 25 то место се наоѓа Карбинци,на 39 тото е Виница,а на 40 тото е општина Штип.

Транспарентноста во работењето со парите и граѓанскиот интерес се приоритетни во извршувањето на јавните функции, и по тоа градоначалниците имаат голема одговорност.

Севкупно,транспарентноста кај општините во државата се подобрува и се унапредува споредено со претходната година, и тоа подобрување се однесува на повеќе од една третина од општините.

Вклучувањето на граѓаните во секој сегмент од приходно -расходната буџетска процедура е прироритетно,но, интерес за тоа како се трошат нивните пари треба да покажат и граѓаните.Засега,тој е недоволен за да се има критичен став кон буџетската политика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИТАЛИЈАНЕЦ ВО ВИНИЦА ДОЈДЕ ПО 2000 ТОНИ ЛЕШНИЦИ

Италијанскиот бизнисмен Рикардо Молеа е со намера во периодот што претстои од Виница и...

ЖИВОТ ВО ЛЕСКОВИЦА. НЕКОЛКУМИНА СЕ И СЕ МАЧАТ.СЕ ИМ Е ДАЛЕКУ СО КИЛОМЕТРИ,А ЛЕБОТ ГО ЧУВААТ СО ДЕНОВИ

Животот во штипското село Лесковица,на поадините на планината Серта не е секојдневен. Жителите од...

Заемот од Унгарија ќе биде потпишан на осми октомври.Општините,парите ќе ги добијат неколку дена потоа

Заемот во висина од 500 милиони евра кој Унгарија треба да и го овозможи...