Главни ѕвезди на штипската Пастрмајлијада годинава ќе бидат Петар Грашо и Антониа Шола, потврдија за ТВ Стар,организаторите. Најголемата манифестација годинава ќе се оддржи некогаш позната Едносмерна улица која од неодамна е претворена во шеталиште.
Предвидено е првиот дел од шеталиштето да биде наменет за угостителите и нивната понуда,а на вториот ќе биде главната бина каде ќе се реализира главниот дел од програмата.
Паралалено, на почетокот од шеталиштето, на локацијата позната како мал Плоштад ќе биде поставена уште една бина каде ќе биде организирана дневна забава.
Манифестацијата Пастрмајлијада 2024 годинава ќе се оддржи на 20 и 21 септември.