Складирани картони на тераса запалија куќа во Штип. Сопствениците сеуште во шок, за Тв Стар објаснуваат што се случи.
Благодарение на експресната интервенција на штипските пожарникари,но и помошта на соседите, избегната е поголема штета,а куќата е спасена.
За сопствениците огнот причинил голема материјална штета.Изгорела дел од покуќнината.
Соседите и пожарникарите апелираат на големо внимание при овие тропски температури, бидејки лесно може да дојде до појава на пожар.