Проблемот со откупните цени на грозјето може да се надмине само со директен договор помегу лозарите и винериите, сметаат од асоцијацијата произвидители вина , Вина на Македонија
Единствен начин како да се спречи натамошното финансиско исцрпување и пропаѓање на дополнителен број македонски винарници е цената на грозјето да се утврдува помеѓу производителите на грозје и вино, стои во соопштението , нешто со кое производителите не се согласуваат.
Во моментов на лозарите им се нудат 16,5денари за Смедеревка и 19 за Вранец кои тие не ги прифакаат а нивното очекување се сосема поинакви цени.
Денес, без да изнесе нови моменти во откупната цена, на својот Фејсбук профил се огласи министерт за земјодели Цветан Трипуновски .
Средба со Потсекторската група за вино, разговаравме за претстојната берба на винско грозје, приноси и квалитетот. Веќе никој нема да се игра со трудот на лозарите, Министерството е столб на кој што тие ќе можат да се потпрат!
Како оваа порака ја толкуваат лозарите?
Иако откупните цени за оваа реколта требаше да се објават до 15 јули, тоа досега не е направено што внесе нервоза кај лозарите бидејки некои винарии обајвија цени кои се далеку од, за лозарите очекуваните.