Христијан Мицкоски ни во својот налош кошмар не можеше да верува дека ќе му се случи вакво фијаско уште во првите недели од неговото владеење.
Меѓу граѓаните владее огромно разочарување од политиките на ВМРО-ДПМНЕ во првите недели, а оние кои гласаа за Мицкоски и неговите шарени лаги се во шок.
ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласови од изборите до денес и ова Мицкоски добро го знае, па се обидува да претстави поинаква слика.
Под власта на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на оваа држава ќе живеат во лоши економски услови со ниски плати, во земја која е под целосно подаништво на друга држава, земја задолжена до гуша со пари од сомнително потекло.
Ова реакција на СДСМ доаѓа по интервју на Христијан Мицкоски во кое изјави дека во случај на избори денес ВМРО би имал 450,а СДСМ би паднал под 125 илјади гласови.