Комисијата за конкурентност на Грција го одобри здружувањето на неколку големи грчки компании во конзорциум кој има намера да ја купи пропаднатата грчка винарија „Цантали“, објавуваат грчките медиуми . Ова здружување доаѓа откако македонската винарија „Езимит“ пројави намера за купување на „Цантали“. Компаниите „Темес“, сопственик на ланец луксузни хотели во Грција, „Премиа“, компанија која се занимава со недвижности и винопроиизводителот „Елиника вина“ добија дозвола да формираат конзорциум кој ќе даде понуда за време на стечајната постапка за „Цантали“ закажана за 11 октомври.Долгот на „Цантали“ е 64 милиони евра, понудата на конзорциумот е 11 милиони а банките бараат најмалку 25 милиони евра .
Езимит пројави интерес за купување на големата грчка винарија „Цантали“. Според грчките медиуми „Цантали“ е меѓу најголемите извозници на вино во Грција со присуство во 50 земји во светот. Но, винарската визба го прекинала производството уште лани во август, а годинава за прв пат во својата историја, грозјето не било собрано, пишува порталот МКД МК. Инаку, „Езимит“ е сопственик на винаријата во Штип која има капацитет од пет милиони литри, во Лозово капацитетот е 20 милиони литри годишно, а „Повардарие“ годишно произведува и до 30 милиони литри вино. Според бизнис логиката, намерата на „Езимит“ за купување на „Цантали“ е многу конкурентна. Но, прашањето е дали во Македонија има капацитет да се формира конзорциум за еден ваков сериозен деловен зафат, анализира МКД МК.
Од Езимит, односно нејзиниот соптвеник Зоранчо Митревски ваквата инфOрMација засега ниту ја демнатираат ниту ја потврдуваат па реална претпоставката е оваа успешна компанија во своите планови да ја стави на колена паднатта Цантали и повторно да ја крене. Цантали досега извезуваше во дури 50 земји е познат бренд и кај нас.