Ширум Македонија се чествува Илинден, најголемиот македонски национален празник. Говори, обракања и пораки имаше на повеке исторски места кои го одбележуваат националниот идентитет, борбата за независност и самостојна држава.
Во Штип, 2 Август, Илинден, се одбелжа и во Штип исто така на неколку локации. На Алејата на паднатите херои на Исарот, пред споменикот на Гоце Делчев во Ново Село и спомен обележјето на паднатите борци кај селото Долани.
Празнична манифестација имаше и во Пробиштип каде се одржа концерт а пригоден збор имаше градоначалникот Драган Анастасов.