HomeМакедонијаМој ДДВ ќе се исплати по Ребалансот на Буџетот, изјави директорката на...

Мој ДДВ ќе се исплати по Ребалансот на Буџетот, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова

Published on

Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ за второто тримесечје нема да започне пред да биде усвоен ребалансот на Буџетот за 2024 година, бидејќи во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени средства за исплата, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова

Испланираните средства за „Мој ДДВ“ во најголем дел се потрошени и затоа мораме да го чекаме ребалансот на државниот Буџет и потоа да бидат испланирани средства, рече Петрова во интервју за „Република“.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на прес-конференција во Собранието најави дека се очекува ребалансот на Буџетот да биде усвоен во втората недела од август.

Продолжува дебатата за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Планот е да се донесе во втората недела од август по што ќе започне консолидацијата на затекнатите состојби, рече Стојаноски.

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет во тек е амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Поднесени се вкупно 58 амандмани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималецот од место нема да мрдне до март

Најмалку до март минималната плата ќе остане на сегашното ниво,односно,23.500ден.потврди министерот за економија Бесар...

Министерот Дурмиши признава:Видливо намалување на цените нема

Министерот за економија Бесар Дурмиши признава дека видливо намалуање на цените сеуште нема. Дурмиши најавува...

СДСМ: Живото станува се поскап, владините мерки се задоцнети

Животот станува се поскап, а  мерките на владата се  задоцнети и немаат ефект, коментираат...