Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени – бактерии и вируси, присуство на токсини и сл.), а со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од месо. Решението ќе почне да се применува од 1 август годинава.