Екстремните температури не ги гасат климите речиси денонокно. Од ЕВН потврдија дека потрошувачката на струја во Македонија во деновите од јули е значително зголемена во однос на истиот период од минатата година.
Од 1 јули до 11 јули 2024 потрошени се 155.973 MВч електрична енергија што се должи на високите температури. Најголема потрошувачка е регистрирана на 11 јули, во четвртокот, кога беа потрошени 16.267 MВч“, велат од ЕВН .
Токму четврток беше и рекордно најтоплиот ден оваа сезона кога најниската измерена утринска температура во Македонија беше 20°, а максималната секаде била над 30 степени, со максимално измерена температура од 40°С на скопскиот Аеродром.
Споредбено, Минатата година вкупната потрошувачка на електрична енергија, за периодот 1 јули 2023 до 11 јули 2023 изнесувала 134.493 MВч. Просечната дневна потрошувачка за тој период изнесувала 12.226 MВч“, велат од ЕВН укажувајќи на фактот дека во изминативе денови од годинешниот месец јули значително е зголемена потрошувачката на струја.
Разликата во потрошувачката на електрична енергија се јавува заради разликата на температурите, затоа што од втората недела на јули температурите се далеку над просекот“, нагласуваат од ЕВН. Ова секако ке резултира и со вискои сметки кои ке бидат еднакви а во многу случаи и поголеми со оние од сезоната на греење.