HomeМакедонијаПоловина од водата  во државата се губи  а  кочанчани плакаат највисока цена

Половина од водата  во државата се губи  а  кочанчани плакаат највисока цена

Published on

Се губи половина од водата за пиење, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за цените, потрошувачката и загубата на водата за пиење во земјава. Од годишно произведените 245 милиони кубни метри вода за пиење, се губат повеќе од половина, односно 146 милиони кубни метри.

Најмногу вода за пиење во апсолутна загуба се губи во Скопје, дури 63 милиони метри кубни годишно, што е 43 % од целата загубена вода во земјава. Следат Гостивар, Тетово и Кичево. Во Гостивар годишно се губат скоро 9 милиони метри кубни вода. Во Тетово се губат по 7 милиони метри кубни вода за пиење, а во Кичево повеќе од 6 милиони. По 5,8 милиони метри кубни вода за пиење секоја година се губат и во Охрид, велат истражувањата

Саше Освен во загубите, Истражувањето покажува и дека има голема разлика во цената која граѓаните ја плаќаат за потрошена вода. Еве  каде вода се плака најмногу а каде најмалку,

  Најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,50 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе. Кај фирмите, најниска цена за кубик вода плаќаат потрошувачите во Желино, 13,42 денари, додека убедливо најскапа е водата за скопските фирми, дури 68,10 денари за кубик.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарскиот заем е замка и економско предавство, сметаат од СДСМ

Унгарскиот заем од 500 милиони е замка кој денес  во скратена постапка  го усвоија...

МЕПСО   делел пари на кого ке стигне. 14 милиони евра   се отпишани на синот на Муса Џаафери и слилни на него

Долг од 14 милиони евра отпишала МЕПСО на синот на Муса Џафери и слични...

Дрвокрадството не застанува. Во Русиново  два трактори на полицијата им побегнале пред нос

Државата тврди дека  обрачот околу дрвокрадите го стега, но  дрва  нелегално се сечат и...