HomeМакедонијаНајбогатиот градоначалник во регионот Пекевски бара повлекување на неговото мислење. Не сака...

Најбогатиот градоначалник во регионот Пекевски бара повлекување на неговото мислење. Не сака убави зборови за вработените во општината

Published on

Звонко Пекевски, најбогатиот градоначалник во Источниот Регион и пошироко, на својот фејбук профил јавно побара Тв Стар да му се извини.

Во врска со наводите во прилогот на ТВ ,,Стар”, Ве известувам дека не сум дал одлични препораки, како што е наведено во прилогот, a ниту разговорот со новинарот, беше воден во таа насока. Во разговорот, само реков дека не би сакал да навлегувам во работи, кои не се од надлежност на општината. Го повикувам одговорниот уредник од ТВ ,,Стар” , да се извини за наведеното во прилогот и во иднина, никогаш да не го употребува моето име, во информации со кои немам никаква поврзаност, напиша Пекевски.

Причините за ова се цитат на Пекевски во прилог на Тв Стар во кој тој вели дека има одлично мислење за својата правничка Зорица Ризовска.

Не еднаш, туку повеќепати Пекевски досега потенцирал дека има одличен тим околу себе што подразбира дека во тимот е и Ризовска за која има широко мислење дека е добар правник. Зошто ова му пречи на Пекевски е непознато но оградување од вредностите на професионалец како Ризовска не е добро, констатирано е на уредничкиот колегиум на Тв Стар.

Од друга страна наместо јавно да се објаснува и оградува, Пекевски би можел да објасни како стана најбогат градоначалник во регионот и пошироко.  Пекевски да објасни на кој начин со службеничка плата успеа да направи толку долг список на имот.

Според последно пополнетиот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување корупција во него меѓу другото стои.

Тивкиот Звонко поседува 4 стана, шуми, овошни градини, пасишта, ливади, змејоделско земиште, гаражи и уште еден долг список на имот на кој не му се гледа крајот и сетоа тоа е напишано дека е наследство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарскиот заем е замка и економско предавство, сметаат од СДСМ

Унгарскиот заем од 500 милиони е замка кој денес  во скратена постапка  го усвоија...

МЕПСО   делел пари на кого ке стигне. 14 милиони евра   се отпишани на синот на Муса Џаафери и слилни на него

Долг од 14 милиони евра отпишала МЕПСО на синот на Муса Џафери и слични...

Дрвокрадството не застанува. Во Русиново  два трактори на полицијата им побегнале пред нос

Државата тврди дека  обрачот околу дрвокрадите го стега, но  дрва  нелегално се сечат и...