HomeМакедонијаКаракутовски бесрамно лаже.18 од 32 вработени во Здравствениот дом во Берово испратија...

Каракутовски бесрамно лаже.18 од 32 вработени во Здравствениот дом во Берово испратија петиција и од него бараат јавно извинување

Published on

Демант со 18 потписи испратија вработени во Здравствениот дом Берово на вчерашната изјава на Стојан Каракутовски, престедател на ВМРО ДПМНЕ Берово за ТВ Стар. Демантот се однесува на изјавата дека  тој разговарал со сите поединечно по што констатирал дека на институцијата и треба директор однадвор.

Во врска со изјавата на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Берово за изборот на предлог кандидат за директор на Здравствен Дом Берово, да биде нназначен за в.д. директор надоврешен член, правник, кој ќе го оштетува буџетот на нашата установа за дополнителни 150.000 денари месечно, ја демантираме ваквата изјава и нашето барање е да се постави директор од редовите на вработените во Здравствениот дом, медицинско лице, кое ја познава добро работата на установата. Демантираме дека помеѓу персоналот има нарушени меѓусебни работни односи, а изјавата ја сметаме за крајно непочитување на персоналот, стои во демантот на вработените во Здравствен дом Берово

Уште пожестоко, вработените во Здравствениот дом Беово реагираат на  продолжението од изјавата на Каракутовски:

Каракутовски бесрамно лаже, го деградира чесниот труд на вработените и професијата  на која овде сите сме  максимално  одговорно посветени  и како професионалци и како луге. Бараме  јавно извинување од Каракутовски бидејки полоши зборови за оваа институција никој не кажал никогаш , велат потпишаните.

   Оваа реакција на вработените во беровскиот здравствен дом  е во момент  кога  институцијата  е пред промена на раководството а за што споменатиот Каракутовски свој адут има во лицето Зорица Ризова, велат нашите извори.

 Зорица Ризова е правник во општина Берово,  десна партиска рака    на Каракутовски и секретар  во огранокот на партијата. За неа, одлични препораки има и сегашниот градоначалник Звонко Пекевски .

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...