HomeМакедонијаЗаврши водената хаварија во Делчево. Главен виновник за траумите е градоначалникот и...

Заврши водената хаварија во Делчево. Главен виновник за траумите е градоначалникот и нестручното раководство од ЈП Брегалница

Published on

Од вчера, водената хаварија  во Делчево е  завршена но деновите без вода  во градот не смеат да се повторат, реагираат од партиите. Дотолку повеќе, што зад проблемот не стојат објективни причини туку неодговорност и нестручност,  реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Делчевчани долго ќе ја паметат оваа голгота со неколкудневното немање на вода за пиење и основни хигиенски потреби! Допрва ќе го разгледуваме ваквото несериозно однесување кон здравјето на жителите на нашата општина од страна на поедини заспиени функционери. Како за старт јас како координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, јавно ќе побарам од Јавното Обвинителство и службите во МВР: изјава од директорот на  ЈКП “Брегалница” од Делчево и градоначалникот на општина Делчево дали водата после дефектот е исправна за пиење и на кој начин е третирана после додирот со загадената вода од дефектот?! објави Иван Гоцевски од советничката група на ВМРО ДПМНЕ во општина Делчево

Идентични и не баш добри зборови за првиот човек на градот и Јавното претпријатие Брегалница  избраа и од огранокот на  Левица. За нив, сето ова не морало  да се случи и ќе се бара одговорност.

Од друга страна,  првиот човек на ЈП Брегалница Стојче Стојчевски  причината за дефектот ја  најде  кај Швајцарците.

Водоводниот состем, односно прочистителната станица  во Делчево  во најголем дел е Швајцарска донација од 8 милинои евра и таа според најавите требаше  комплетно да го реши прбемот со вода во Делчево  и  некои околни села.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ИТАЛИЈАНЕЦ ВО ВИНИЦА ДОЈДЕ ПО 2000 ТОНИ ЛЕШНИЦИ

Италијанскиот бизнисмен Рикардо Молеа е со намера во периодот што претстои од Виница и...

ЖИВОТ ВО ЛЕСКОВИЦА. НЕКОЛКУМИНА СЕ И СЕ МАЧАТ.СЕ ИМ Е ДАЛЕКУ СО КИЛОМЕТРИ,А ЛЕБОТ ГО ЧУВААТ СО ДЕНОВИ

Животот во штипското село Лесковица,на поадините на планината Серта не е секојдневен. Жителите од...

Заемот од Унгарија ќе биде потпишан на осми октомври.Општините,парите ќе ги добијат неколку дена потоа

Заемот во висина од 500 милиони евра кој Унгарија треба да и го овозможи...