Спор вреден 22 милиони евра низ арбитражна постапка одобрена од Комората во Париз се води за новата зграда на КБ Штип а изведувачаот бара 5,5 милиони евра компензација за еднострано раскинатиот договор од страна на владата.
Изведувачот доставил барање за промена на единечни цени согласно променетите услови на пазарот и корекција за цена со проценетата вредност на предложената варијација но тие не биле прифатени. Поради откажан заем, Владата го задолжила Министерството за здравство да предложи начин за склучување на предлог варијација согласно Закон за јавните набавки, стои во ревизорскиот извештај за КБ Штип.
Министерството во соработка со БЈН треба да изготви нова тендерска документација за завршување на објектот, за што потребни се 30 милиони евра. Во болницата е вградена опрема, механичка и електрична инсталација но и не монтирана опрема и материјали, испорачана е во текот на важење на договорот, се подвлекува во Ревизорскиот извштај.
Покрај останата опрема , во подрумите стои и акцелератор во вредност од 1,6 милиони евра. Набавениот акцелератор поради не создадени услови за негово поставување не е предаден во болницата, не се употребува и се доведува во прашање неговата употребна вредност по 10 години од набавката.