HomeМакедонијаПресврт. За Хрватите, Романците и Бугарите Германија веќе не е предизвик. Фаворит...

Пресврт. За Хрватите, Романците и Бугарите Германија веќе не е предизвик. Фаворит останува за Македонците и Косоварите

Published on

Германија повеќе не е дестинација број еден за Балканците но и во  планот на имигрантите од други делови на Европа. 

Минатата година во Германија емигрирале многу помалку странци отколку во претходните години. Сојузниот завод за статистика забележал намален интерес кај граѓаните од поновите членки на Европската унија, но зголемен кај жителите на Македонија и Косово.

„Германија минатата година забележа пад на бројот на имигрантите. Додека во Германија во 2022 година пристигнале 2.665.772 странци, лани тој број изнесувал 1.932.509“, соопштено е од Сојузниот завод за статистика.

Германскиот Завод констатира  дека  се помалку  доселеници има  Хрватска, Романија и од Бугаријаа  бројките се во постојан пад од 2019 па наваму.

Паралелно со тоа, статистиката покажува благ пораст на бројот на имигрантите од Косово и од Северна Македонија за кои земји  е овозможена имиграција според таканареченото правило за работната сила од Западен Балкан.

 Трендот да се остане дома во Хрватска и Бугарија е се посилен а во Бугарија лани за прв пат  во држвата повеке се вратиле отколку што заминале. Кога тоа ке се случи и кај нас е  неизвесно но факт е дека Германија ни случајно не е тоа што беше. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СОНК и Владата се договорија за поголеми плати во образованието

СОНК и Владата се договорија за поголеми плати во образованието. Претседателот Јаким Неделков е...

Лефков: ДУИ  се дволични за Балансерот

ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулираат со народот изјавиа денес...

Цените за децата во градинките во Штип останува иста

Цената на услугите за децата во штипските градинки останува иста, односно родидтелите и понатаму...