Владата на својата прва седница донесе повеќе одлуки за именување на раководни кадри на државни институции.
Според одлуките Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата,Ивица Томовски е нов директор на Службата за општи и заеднички работи,Елена Петрова е директор на УЈП,Бобан Николовски е именуван за директор на Царинската управа,а Александар Јанев е назначен за дирекор на БЈБ.
Освен овие,нови раководни имиња има и во следните сектори.За Државен секретар во МВР е именуван Сашо Петрушевски,а,за Шеф на Канцеларијата на Претседателот на Владата е назначен Владимир Нелоски.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, Цветан Трипуновски ја информираше владата за штетите од невремето пришто беше задолжен од општините да прибере информација за проценка на штетите од невремето за да се направи проценка на износите на штета.
Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, пришто беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март.