Бистри умови и оваа година организира бесплатен летен камп за најдобрите млади информатичари кои ќе ја претставуваат Државата на Меѓународните Олимпијади по информатика, каде што ќе го прослави и својот 1 (прв) роденден
Летниот еднонеделен подготвителен камп ќе започне на 1 јули (Понеделник) во Хотел Магнолија на Пониква ( Кочани ), каде што ќе присуствуваат 12 најдобри ученици/ натпреварувачи, кои ќе не претставуваат на претстојните Интернационални олимпијади по Информатика, нивните ментори и Професори од Факултет за Информатички науки и Инжињерство- ФИНКИ, на чело со Претседателот на Здружение на Информатичари на Македонија, Проф. Д-р Миле Јованов.
За во иднина БИСТРИ УМОВИ планира да ги продолжи бесплатните курсеви, да ја продолжи блиската соработка со ЗИМ, се во интерес за потребите на учениците, да оствари соработка и со други Здруженија од Земјата и странство и многу други проекти.