100 слободни места остануваат за вториот уписен рок во штипските средни училишта, покажува исходот од штотуку завршениот прв уписен рок,во кој завршените деветооделенци се пријавуваа по електронски пат. Најголем интерес за продолжување на школувањето има во СОУ Коле Нехтенин каде за 252 слободни места се пријавиле 226 кандидати. Во гимназијата Славчо Стојменски од пријавените 100,80 се примени. Во медицинското Јане Сандански од 160 пријавени,примени се 154. Има слободни места и во средното текстилно училиште Димитар Мирасчиев. Вториот уписен рок е закажан за први и втори јули,а пријавувањето ќе биде електронско.