Премиерот Христијан Мицкоски ја пријави имотната состојба во Државната комисија за спречување на корупција.
Анкетниот лист на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е објавен за прв пат по подолго време, бидејќи претходно Мицкоски беше директор на АД ЕСМ пред седум години.
По 8-ми мај, Христијан Мицкоски како носител во првата изборна единица стана пратеник во Собранието на Република Македонија што му ја обнови обврската да го пријави целиот имот кој го поседува на сопствено име, како и начинот на кој е стекнат имотот.
Мицкоски пријавил дека поседува куќа во Влае која ја купил за 440 илјади евра во 2014, девизен депозит во евра, но не ја истакнал количината на странски девизи кои ги чува на штедна книшка.
Новиот премиер пријавил и дека должи околу 400.000 денари кредит.
Она што можеби највеќе изненадува е тоа што што Христијан Мицкоски пријавил дека поседува два швајцарски часовници во вредност од преку 52.000 евра како и уметнички слики кои би вределе околу 10.000 евра.