HomeМакедонијаИПИС: Граѓаните очекуваат новата Влада да биде подобра од претходната. Премиерот Мицкоски...

ИПИС: Граѓаните очекуваат новата Влада да биде подобра од претходната. Премиерот Мицкоски со најмногу доверба

Published on

Граѓаните сметаат дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ќе биде подобра од претходната власт предводена од СДСМ и ДУИ, ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од ИПИС во период од 18 до 21 јуни.

Дека новата влада ќе биде подобра сметаат мнозинството од анкетираните, односно 55,8 проценти. За одговорот полоша, се изјасниле 11,1 проценти, додека 21,9 отсто сметаат дека новата влада ќе биде иста како претходната.

Анкета на ИПИС: Најмногу доверба има Мицкоски, најмалку Груевски

Што се однесува до политичарите, граѓаните најголема доверба имаат во премиерот Христијан Мицкоски, додека најмала во Никола Груевски.

Според одговорите, во Мицкоски најголема доверба имаат 27,8 проценти од анкетираните. Останатите наведени политичари во анкетата уживаат доверба помала од 10 проценти. Најмала доверба има Груевски од само 0,9 проценти.

Анкетата на ИПИС исто така покажува дека доколку наредната недела повторно би имало парламентарни избори, победата убедливо ќе ја однесе ВМРО – ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Владата на денешната седница поради топлото време денес донесе препораки за ослободување од работа...

Што итно треба да се направи ако телото прегрее на високите температури

Неколку основни правила кои можат да спасат и живот  треба да се знаат кога...

ВМРО ДПМНЕ: Ако Филипче имаше морал тој во политиката немаше да се врати

Венко Филпче, претседателот на СДСМ, е човек без морал бидејки ако го имаше тој...