Најмногу за три месеци ќе има тендер за продолжување на изградбата на КБ Штип, вети денес премиерот Христијан Мицкоски од Штип.
Изградбата на штипската болница е еден од приоритетите и за новиот министер за здравство Арбен Таравари.
КБ Штип беше започната да се гради во 2017 година, а требаше да биде завршена во 2021, но од безброј причини тоа не се случи, а МИцкоски потенцираше дека оваа болница е еден од спомениците на неуспесите на СДСМ.