HomeЕксклузивноНа 28 години ја работи работата од која сите бегаат. Му се...

На 28 години ја работи работата од која сите бегаат. Му се чудат сите, но тој цврсто оди напред

Published on

Има само 28 години и ја работи работата од која сите бегаат како од оган. Ангажирање од утро до утро, во последните три недели вели дека спие по два часа, но својата љубов, земјоделието, не го менува за ништо, вели за ТВ Стар Лазар Ефтимов, од селото Тркање, кочанско.

Неверојатно упорниот и работлив Лазар, одгледува 200 овци, 15 декари ориз, 70 хектари луцерка, 15 декари пченка … Како постигнува и со колку вработени.

Единствено, на него, му се наоѓа мајка му која му помага со овците.

Верувале или не, Лазар млекото не го продава туку го прави сирење и тоа сам.

По ова, прашањето е како можат две раце да бидат сто и човек, без оглед што е само 28 години може да го издржи сето ова. Дали секојдневно толку големиот напор љубовта не ја водат на мала врата.

Во сето бунило од обврски и работа, младиот Лазар фрапира со изјавата дека навечер наоѓа време и за друштво.

Гледајќи како Лазар работи и дење и ноќе тој има отворени понуди од свои блиски да замине на работа во странство и може да бира во секој момент помеѓу Германија, Италија и Англија, но досега по кој знае колку пати на сите им рекол не.

И, она што е исто така интересно, е дека за разлика од речиси сите останати тој во земјоделието гледа иднина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски и Орбан договориле специјална  соработка помегу Македнија и Унгарија. СДСМ прашува Која е улогата на Груевски во кредитот

Христијан Мицковски и Виктор Орбан оговориле специјална  соработка помегу Македонија и Унгарија на  повеке...

Министерството за здравство ќе прогласи мораториум за некои специјализации,а најдобрите пет студенти од медицинските факултети ќе бидат вработени веднаш

Мораториум на Докторските специјализации најави денес министерот за здравство Арбен Таравари. Причините за ова се...

ВМРО ДПМНЕ :  Филипче останува во политиката за да се аболира од криминалот

Венко Филипче, новиот претседател на СДСМ и денес беше актуелен за ВМРО ДПМНЕ. Тие...