Изградбата на браната Отиње ќе продолжи, изјави предложениот министер за Транспорт и врски Александар Николовски, проект кој е во првите три приоритетни задачи на министерството.
Браната Отиње со изградба е започната во 2021 година и во моментов се завршени околу 60% од работите. Финално ќе чини 306 милиони денари а ќе акумулира 3 милиони кубни метри вода кои треба да ја променат микроклимата во Штип и да отворат комерцијални можности.