Синдикалната кошница за месец јуни тежи 60.325 денари, што е за 235 денари поскапа во споредба со минатиот месец, информираат од синдикатот.
Во споредба пак со јануари годинава, процентот на зголемување за граѓаните е енормен.
Изнајмување на стан од 60 квадрати во јануари изнесувало 57.163 денари, додека за истиот стан во јуни киријата е зголоемена за 3.162 денари и сега тој изнесува 75.700 денари.
Што се однесува на другите сегменти од кошницата вредноста е следна:
За храна и пијалоци синдикалата кошница во јуни годинава изнесува 21.952 денари . За образование со синдикалната кошница за јуни се предвидени 7.022 денари ,за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари,за облека и обувки 4.962,транспорт 4.871,рекреација и култура 4.378, ресторани и хотели 3.890 денари , лична хигиена и оддржување на хигиена 1827 денари, здравје 1069 денари и за останати стоки и услуги 1100 денари.