HomeМакедонија Од 1 септември нотарите ќе дерат. Нотарските акти ќе чинат најмалку 8...

 Од 1 септември нотарите ќе дерат. Нотарските акти ќе чинат најмалку 8 000 денари

Published on

Од 1 септември  следува драстично покачување на нотарските услуги откако  Министерството за правда ги прифати измените на нотарската тарифа .

Измените ги направила Нотарската комора, а ги одобрила Владата и министерот за правда во заминување Кренар Лога.

Нотарот ќе ја наплаќа својата награда 8.000 денари за дело кое не надминува поголема вредност од 3 милиони денари. Ако предметот е многу помалку од 3 милиони денари, нотарот повторно ќе си земе награда од 8.000 денари. Претходно имаше степенување и ако вредноста беше многу помала, истовремено и наградата беше соодветна, стои меѓу другото во образложението на измените.

 Колку сметките ќе бидат високи зборува и  следниот пример.  Така,  за составување на еднострани правни исправи во форма на нотарски акт, на нотарот ќе му се плаќа 1.300 денари, наместо досегашните предвидени 400 денари што е покапување поголемо  од 300%. Но, од ова има и полошо а тое  е следното:

  „Почнувајќи од 1 септември, трошоците на граѓаните за составувањето на задолжителни нотарски акти, отсега ќе изнесуваат најмалку високи 8000 денари! За споредба, досегашниот минимален надомест за нотарски акти изнесуваше 800 денари, што претставува ДЕСЕТКРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на трошоците за нотарски акт од мала вредност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Трипуновски

Афери и сомнителни случаи за милионски износи  во земјоделието обелодени  министерот  Цветан  Трипуновски на...

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце и измислени  функции   денес зборуваат од СДСМ

За нов скандал сврзан со  преминот Блаце, сватовската посета  на Африм Гаши на  Косово ...

ВМРО ДПМНЕ ОД ФИЛИПЧЕ И СДСМ ОЧЕКУВА ОДГОВОР ЗА СТАНОВИТЕ

Филипче и СДСМ молчат за становите,а од ВМРО ДПМНЕ бараат одговор бидејќи има разлика...